Вино Bovin Chardonnay Barrique 0,75L
Шардоне Барик на винарија Бовин е квалитетно суво бело вино, зреено 12 месеци во македонски буриња. Се одликува со бледо-жолта нијанса и со импресивна низа на ароми: путер, тост, ванила и дрво лесно се препознаваат во ова вино. По вкус субтелно и заокружено.
Совршен придружник на трпеза со бели сирења, риба, морски плодови, јагнешко и пилешко. Ова вино е извонредно кога е сервирано на температура од 8-10’C.
Нето: 0,75л.
Вид: барик суво бело вино
Вински регион: Вински регион Тиквеш
Препорачана температура: 4ºC – 6ºC
Сорти од грозје: 100% шардоне