Сирата за ова вино доаѓа од насади кои се наоѓаат во велешкото виногорје, во селото Војница. Елегантно и комплексно вино кое освојува и кое на нос се отвора во бранови од ароми на гмечени црни капини, штотуку измелени зрна од црн бибер, димено месо и чоколадно-путерести бомбици извалкани во какао.
Одлежано 24 месеци во нови дабови буриња кои го заокружуваат вкусот кој е богат, па на непце имаме исто толку црни зрели капини и темно чоколадо, проткаени со ноти на сладок корен, танините се припитомени и кадифени, а сето ова е проследено со треперлива и сеприсутна киселина. Послевкусот е долг и зачински.
Вино кое едноставно е добра идеја да го имате во вашата винска колекција поради потенцијалот за неколкугодишно зреење во шише.