Traikovsky Tribute Темјаника
Извонредно свежо и ароматично вино за вински љубители, произведено по метод на самоток. Со атрактивни и носталгични цветни и овошни ароми, отвара со извонредно привлечни ароми на бозел, мед и тропско овошје. Вкусот е подеднакво освежувачки со деликатни мускатни ароми, ноти на бозел, морско оревче, праска и дискретни моменти на кора од портокал. Живописната свежина на непцето го изложува на виделина мускатниот карактер со цветен и тропски призвук. Финишира со долготрајна хипнотизирачка свежина.
Ова многустрано вино идеално се комбинира со разни видови сирења, морска храна, бели меса и зелечнуци, или едноставно можете да уживате само со чаша Tribute Темјаника. Се конзумира на температура од 10С до 12C.