Traikovsky Tribute Розе
Извонредно свежо и ароматично вино за вински љубители, произведено по метод на самоток. Со атрактивни и носталгични слатки овошни ароми, отвара со извонредно привлечни ароми на зрела јагода, Мараска цреша, малина, лубеница и сладолед од портокал. Вкусот е подеднакво освежувачки со деликатни ароми на џем од зрела јагода, богати ароми на роза, сува слива и флорални моменти. Живописната свежина на непцето неодоливо го изложува на виделина овошниот карактер со сладок цветен призвук. Финишира со долготрајна хипнотизирачка свежина.
Ова многустрано вино идеално се комбинира со сирење и лубеница како стартер, печен лосос, зелечнуци, салати и разновидни сирења, или едноставно можете да уживате само со чаша Tribute Розе. Се конзумира на температура од 10С до 13C.
100% Cabernet Sauvignon.