Вино Tikves “Chateau de Gourdon“Jolie Balade 0,75L
Црвеното вино Jolie Balade е купажа од сортите Grenache Noir, Syrah, Carignan, Cinsault и Mourvedre. Ова вино има темно-црвена боја на гранат. Се одликува со ароми на слатки зачини, ѕвездест анасон и црн пипер, придружени со виолетови цветни ноти и суптилен мирис на ликер од цреши. Елегантен и сочен вкус во кој доминираат црвени овошја, црна рибизла, придружени со слатки зачини, заокружени танини и долг финиш. Може да се консумира веднаш или во наредните 5 години.
Се сервира на температура од 16 до 18°C.
Комбинација со храна: јагнешки котлети со со рузмарин и потпечен компир, говедско рагу со њоки и бифтек во сос од вргањ.
Најновото дополнување на семејството „Tikveš Châteaux & Domaines“ е „Château de Gourdon“, винарија лоцирана во областа Côtes du Rhône во Франција. Првите лозја во оваа микролокација биле засадени во 1870 година и нудат уникатна слика за француското производство на вино.