Вино Zaharchev Plovdina 0,75L
Стара Тракиска сорта на грозје Пловдина која се среќава во многу мали количини кај постари лозја и тоа ја има по 2-3 прачки во лозје. Некогаш карактеристична за просторите на поранешна Југославија, Бугарија, Унгарија, Романија и Турција во последно време е во фаза на изумирање. Исто како сите локани сорти и пловдината се карактеризира со висока издржливост и отпорност при различни временски услови.
Суво розе вино со контролирано потекло од Тиквешкото Виногорје, со изразена бледа розе нијанса на дива ружа. Совршен спој од ароми на пролетни цветови, јагоди и малини, а овошните ноти се истакнуваат најмногу кога виното се консумира младо.
Се служи изладено на температура од 8 – 12 ºC
Alc 13% vol
Одличен избор е кога виното се комбинира со лесни и кремасти пудинзи, а главните карактеристики уште повеќе доаѓаат до израз кога се сервира со зелена салата, сармички, полнети пиперки, гравче тавче или со некои полесни јадења.