Ariete Кафемат со мелница – инокс (1313)
Еспресото од вашите соништа во вашиот дом, кога и да посакате!
Апаратот за кафе Ariete 1313 е посветен на вистинските љубители на еспресо кафе. Елеганцијата на деталите, совршенството на неговото работење и неговото исклучително високо ниво на перформанси го прават овој апарат за кафе неопходен кога ќе се разбудите наутро, обезбедувајќи ви густо, ароматично и кремасто кафе, подобро од кафе од кафетерија.
Благодарение на интегрираната мелница за кафе, можете да ја сомелете вашата омилена мешавина од зрна кафе во вашиот дом, така што секогаш ќе имате ароматично, вкусно мирисливо свежо мелено кафе.
Со едноставно вртење на специјалното копче кое ја прилагодува финоста на мелењето на кафето, можете да го изберете степенот на мелење кое најмногу ви се допаѓа.
Експериментирајте со различни степени на мелење за да му дадете повеќе или помалку јачина на вашето еспресо и пронајдете ја совршената рамнотежа помеѓу вкусот, аромата и квалитетот на кремот.
Со проверка на манометарот за притисок секогаш ќе можете да утврдите дали количината на вода, количината на кафе и степенот на мелење се во рамнотежа едни со други, со цел да обезбедите секогаш најдоброто можно еспресо. Откако ќе ги пронајдете поставките што се токму по ваш вкус, можете да ја меморирате: количината на мелено кафе што треба да се стави во филтерот и количината на дозираното кафе, за да можете секогаш да ги користите истите поставки и секогаш да го добивате вашето претпочитано еспресо.
Овој професионален апарат за кафе ви овозможува да ја прилагодите количината на мелено кафе што влегува во филтерот (1 или 2 шолји) и вистинската количина вода во моментот правењето на еспресото.
Конечно, со уредот “Maxi Cappuccino” лесно можете да направите пена од млеко за вашето совршено кремасто капучино! Истиот уред, пушта топла вода и за неколку минути имате припремен чај.
Апаратот за кафе Ariete 1313 користи и специјален додаток за ESE хартиени патрони, со што можете да направите и брзо еспресо кафе во секој момент!
Комбинација од врвна технологијата, дизајн и квалитетот ви го понудат целото задоволство на вистинското италијанско еспресо.
Спецификација:
- Моќност: 1600W
- Притисок на пумпата: 15 Bar
- Манометар
- Вградена мелница за кафе во зрно
- Копче за прилагодување на јачината на мелење на зрно кафе
- Користи еспресо кафе во зрно и ESE хартиени патрони (44 mm дијаметар)
- Капацитет на садот за зрно кафе: 220 gr
- Капацитет на резервоар за вода: 2 L
- Уред “Maxi Cappuccino” за правење на пена од млеко
- Димензии: 28 cm (Д), 30,50 cm (Ш), 39,50 cm (В)
- Тежина: 7,63 kg
- Гаранција: 12 месеци
- Производител: Ариете – над 50 години традиција
- Земја на потекло: Италија



