Како да знам дека успешно сум купил/a?
По успешната трансакција автоматски веднаш се испраќа потврда на Вашиот e-mail. По купувањето ќе бидете пренасочени на екран каде ви пишува дека трансакцијата е успешна, ако истата била процесирана успешно. Потврдата за нарачката се наоѓа на Вашиот профил во делот нарачки. Исто така ќе добиете e-mail известување со информациите за нарачката која сте ја купиле, но бидејќи маилот може да стигне во СПАМ фолдерот посигурниот начин е Вашиот профил.
Што е Профил и како да дојдам до него?
Профилот е место во кој имате евиденција за вашите нарачки. По успешно логирање на страната (внесување на Вашето корисничко име и лозинка) влегувате во Вашиот профил.
Откога ќе нарачам за колку време ќе ми стигне пратката и колку се плаќа за достава?
Нарачките направени онлајн, се доставуват во временски период од 1 до 3 работни дена во текот на работно време од 9 до 15:30ч, од понеделник до петок, преку Карго Експрес Битола. За испорака на пратката ќе бидете известени од страна на Карго Експрес Битола преку смс порака/телефонски повик.
Доставата изнесува 130 денари, и се однесува на нарачки со износ под 1500 денари, во спротивно доставата е бесплатна.
Дали пратката со или без вклучена достава е ограничена со тежина на истата?
Пратките со или без вклучена достава се ограничени со тежина до 10 кг. За нарачки коишто се со тежина над 10 кг, ве замолуваме да не контактирате на email kontakt@amaro.mk или на тел. 078387928.
Како може да ја платам нарачката?
Нарачката можете да ја платите на следен начин:
- Испорака до дома со плаќање во готовина во мк денари
- Плаќање со Кредитна Картичка
- Плаќање со Банкарски Трансфер (про-фактура)
Ги внесов сите податоци за купување и ништо не се случи, дали ќе ми биде наплатено од мојата платежна картичка?
Доколку Вашата трансакција не била успешна нема да ви биде наплатено ништо.
Доколку сте сигурни дека трансакцијата била успешна, а потврдата за нарачката не може да ја најдете Ве молиме контактирајте не на нашиот email kontakt@amaro.mk.
Со кои картички можам да купувам?
Можете да купувате со било која картичка од било која банка, Visa, MasterCard, Discover, American Express. Со Maestro картичка издадена од домашна банка ќе можете да купувате во зависност од тоа дали банката ја одобрила нејзината Maestro Картичка. Поради отсуството на CVC//CVV безбедносниот код кој се наоѓа на задната страна на картичката, не сите домашни банки ги имаат одобрено.
Пробувам да купам нарачка, но ми се појавува порака “Плаќањето не е успешнo”, што понатаму?
Проверете дали картичката со која го вршите купувањето е важечка платежна картичка.
Проверете дали имате доволно средства на платежната картичка, со цел купувањето да може да се изврши.
Проверете дали сте ги пополниле сите празни полиња при пополнување на податоците за плаќање.
Доколку сè наведено сте провериле и понатаму не можете да ја реализирате вашата нарачка, проблемот е веројатно од техничка природа од страна на банката , па затоа ве замолуваме да не известите на емаил со цел да го решиме проблемот.
Кои податоци за мојата платежна картичка треба да ги дадам?
Потребно е да ги пополните сите празни полиња во прозорецот за плаќање: бројот на картичката (притоа не оставајќи празни места меѓу цифрите), датумот до кога е важечка, контролниот број (CVC/CVV кодот од задната страна на картичката составен од три цифри), име на имателот на платежната картичка и типот на платежната картичка, доколку побара системот.
Кога пробувам да се логирам или да купам нешто страницата постојано ме враќа на насловната страница?
Ве молиме да кликнете Ctrl+F5 како би го ресетирале својот Интернет пребарувач и со тоа би ги избришале можните потпрограми кои Ви го оневозможуваат логирањето или купувањето и потоа обидете се повторно. Доколку и понатаму имате проблем обидете се со рестартирање на Вашиот персонален компјутер. Доколку ниту тоа не Ви помогне, известете не на емаил на kontakt@amaro.mk.
Дали може нарачката направена онлајн да ја подигнам од Amaro Store продавници?
Нарачката направена онлајн не може да се подигне во Amaro Store физички продавници.
Дали може да направам замена/поврат на нарачката купена онлајн?
Производот може неоштетен, неупотребуван во неоштетено оригинално пакување да го замените/вратите рок од 14 дена од денот на преземањето.
Нарачката направена онлајн не може да се замени/врати во Amaro Store физички продавници.