Вино Kamnik Heritage Cabernet Sauvignon 2019 Grand Reserva 0,75L
Виното се карактеризира со длабока рубин црвена боја со темно виолетови нијанси. Куриозитетот кај ова вино е природното намалување на родот што резултира со делумна дехидрација на грозјето на самата лоза.
30-месечниот процес на стареење што се одвива во нови буриња од американски и француски даб резултира со интензивен, зрел и комплексен мирис на пире од темни бобинки, дискретни нијанси на ванила, сладунец и зачини. Вкусот е богат, полн и исклучително смел, со мека танинска структура и хармонични киселини, како и со долготраен овошно-чоколаден послевкус.
Состав: 100% Кабарне Сувињон.
Алкохол: 15%
Регион: Скопје.



