Dusha Razgovor so Dushata вино 0,75L
„Разговор со ДУШАта“ е суво црвено вино, купажа од Мерло, Каберне Совињон и Вранец, со интензивна рубин црвена боја и комплексна арома на црна цреша, слива, капина и зачински тонови.
Виното има избалансирана киселост, полн телесен карактер и фини танини со долг комплексен финиш, препорачано за сите видови црвено месо и стари тврди сирења, на 16–18°C.
За винаријата „ДУША“
„ДУША“ е винарија што не нуди само пијалок, туку целосно искуство. Секое вино е создадено со љубов и внимание, со фокус на внимателен избор на грозја и професионална енолошка нега. Винаријата активно се претставува на настани и фестивали каде што посетителите ги дегустираат белите „Ведрина“ и „Темјаника“, розето “Зора” и црвеното “Разговор со душата”, што ја истакнува нејзината улога во новата македонска винска сцена.
„ДУША“ e млад, урбан и емоционален вински бренд кој го носи вкусот на македонската лозова и винска традиција на современата трпеза.



