Monteko Vranec, Cabernet Sauvignon & Merlot вино 0,75L сет
Монтеко Вранец потекнува од сончевите Дисански лозја. Се одликува со богати ноти на суви црни овошја, сладунец и изразита киселост. Моќно и динамично вино со суптилни дабови тонови и долг, пикантен завршеток. Автентичен глас на македонскиот југ.
Одлично се комбинира со печено јагне, телешка коленица во кајмак или галичко овчо сирење со џем од боровинки.
Препорачана температура на служење: 16 – 18 °C.
Од лозјата под вулканските височини на Кратово, Каберне Совињон е спој од ароми на свежо црвено овошје, пикантни ноти и димени дабови нијанси. Свежо, елегантно и со долготраен вкус, ова вино е олицетворение на планинскиот дух.
Идеално се комбинира со бифтек, рамстек или печени ребра со рузмарин и карамелизирани моркови.
Препорачана температура на служење: 16 – 18 °C.
Изразито Мерло со киселкасти ноти на црни цреши, кисела слива и диви билки. Кадифените танини и природната овошна сладост од зрелите гроздови зрна придонесуваат за долг и сочен завршеток. Ова вино ја одразува нашата посветеност кон лозјата и винското мајсторство во визбата.
Совршено се комбинира со бавно печен бут, пире од целер, тестенини со вргањ и мајчина душица или декадентна чоколадна торта со вишни.
Препорачана температура на служење: 16 – 18 °C.
Амбалажа: стаклени шишиња со оригинална брендирана кутија.


