Ariete Кафемат 4 во 1 црвен (1304/12)
Од Неспресо капсули до Долче Густо капсули, од хартиени ESE патрони до мелено еспресо кафе: за секоја пригода, изборот е ваш!
Апаратот за кафе со специјални додатоци за Неспресо и Долче Густо компатибилни капсули за кафе, за хартиени патрони (44 mm дијаметар) и мелено еспресо кафе, овозможува да го приготвувате еспресото на ваш омилен начин!
Капсулите нудат широк спектар на избори на вкусови на кафе, па сè до топли напитоци како топло чоколадо и детски напитоци; ESE хартиени патрони се практично решение за уживање во добро кафе, зачувувајќи ја неговата арома и свежина и со посебно внимание на одржување на животната средина; и конечно, мелено кафе за оние кои ја сакаат традицијата.
Со компактен дизајн кој се вклопува во секоја кујна или канцеларија, можете да го приготвувате вашето кафе насекаде, во секое време од денот, избирајќи помеѓу кратко или долго еспресо. Резервоарот од 0,7 литри ви овозможува да приготвувате повеќе напитоци без потреба од често дополнување на вода. Можно е да се прилагоди висината на фиоката и да се користат различни видови чаши (големи и мали).
Спецификација:
- Моќност: 1350W
- Притисок на пумпата: 19 Bar
- Користи компатибилни Nespresso* и Dolcegusto* капсули за кафе, ESE хартиени патрони (44 mm дијаметар) и мелено еспресо кафе
- Време на загревање: помалку од 1 минута
- Капацитет на резервоар за вода: 0,7 L
- Автоматско исклучување
- Боја: црвена
- Димензии: 28 cm (Д), 11,50 cm (Ш), 26 cm (В)
- Тежина: 2,8 kg
- Гаранција: 12 месеци
- Производител: Ариете – над 50 години традиција
- Земја на потекло: Италија