Ariete Тостер Capri
Рафиниран дизајн и врвна функционалност на линијата Capri, ја трансформираат вашата кујна во оаза на убавина, медитеранскиот шарм на оваа линија е инспириран од уникатниот и жив стил на прекрасниот остров Капри.
Електричниот тостер од линијата Capri од Ariete пече 4 кришки леб истовремено, без стеги, со 2 посебни прегради и можност да го изберете нивото на запечување и препечување на лебот, спрема вашите преференци, благодарение на 6-те нивоа што можат да се изберат со копчето.
Парчињата автоматски се исфрлаат откако ќе се испечат, избегнувајќи непријатни изгореници, а ладните ѕидови на тостерот гарантираат максимална безбедност при употреба.
Со печење на 2 кришки леб истовремено, можете брзо да подготвите брза закуска за мерикански појадок или бранч со пријатели, но тоа не е сè: со тостерот Capri од Ariete можете да ја активирате и функцијата за “одмрзнување” и за неколку минути и да одмрзнете и испечете сендвичи за вкусни закуски или брзи паузи за ручек.
Спецификација:
- Моќност: 810W
- 2 посебни прегради за печење на леб
- 6 нивоа за запечување и препечување на леб
- Подвижен послужавник за трошки
- Функции на копчињата: печење, запирање на печењето и одмрзнување (heat, stop and defrost)
- Автоматско исфрлување на печените кришки леб
- Димензии: 30 cm (Д), 19 cm (Ш), 20 cm (В)
- Тежина: 1,44 kg
- Гаранција: 12 месеци
- Производител: Ариете – над 50 години традиција
- Земја на потекло: Италија










