Коњак Hennessy Paradis Cognac 0,7L + кутија
Хенеси Парадис е познат по својот грациозен карактер и воодушевува со богата бакарна боја. Совршено избалансиран бленд.Природно, има полн,длабок, долготраен финиш.
Хенеси Парадис беше создаден од Морис Фију во 1979 година како почит кон неговата љубов кон музиката. Тој го спореди блендот со „симфониски оркестар“, како „класична музика која ве носи и поврзува со вашите емоции.“ Бројот на инструменти во оркестарот не е секогаш мерка за неговиот успех, туку чистотата на звукот што го создава и виртуозноста на диригентот. Истото важи и за Хенеси Парадис, заедница на извонредни о-де-ви, избрани поради нивните индивидуални квалитети кои заедно создаваат хармоничен и грациозен коњак.
Боја:Калибарно златна боја.Aрома:Цветни ноти и јасмин, поддржани од деликатни нијанси на цимет и егзотично овошје.Вкус:Грациозна, свилена текстура води до полн и длабок, долготраен финиш.
Направен е од мешавина од над 100 eaux-de-vie, а созрева во француски дабови буриња. Резултатот е мазен со комплексен вкус со ноти на суво овошје, мед и зачини.
Состав: алкохолен дестилат од грозје.
Алкохол: 40%.
Зафатнина(во литри): 0,7Л.
Амбалажа: стакло спакувано во кутија.
Произведува: Хенеси дестилерија.
Земја на потекло: Франција.