Lazar Sacra Red Cuvee вино 0,75L
Via Sacra Red Cuvée е вино направено како купажа од Вранец, Каберне Совињон и Мерло. Потекнува од внимателно одбрани лозја низ регионот на Тиквешијата посадени на ридест терен со надморска височина од 200 до 400 метри.
Овој бленд ја обединува силата на Вранецот со нежноста на Мерло како и ароматичноста и долговечноста на Каберне Совињон.
Via Sacra е патување низ нашата земја, водено од раката на винарот Лазар Ристов и обликувано од неговата посветеност кон прецизноста и елеганцијата.



