Ликер Kahlua The Original 1L
Kahlua The Original е најпопуларниот ликер за кафе, одговорен за создавањето на најпознатите класични коктели како што се „White Russian“, „Espresso Martini“ и „Black Russian“. Ликерот Кахлуа за прв пат е произведен во 1936 година во Веракруз – Мексико, за чие производство се користени зрна од познатото кафе „Арабика“. Производството на ликерот Кахлуа го започнаа четворица пријатели, со добра идеја и хемичар во групата, остварувајќи го својот сон и не сфаќајќи дека ќе го создадат најпопуларниот и светски најпознат ликер за кафе. Добро познатиот „Black Russian“ првпат е направен и претставен во Брисел во 1948 година. Во 1980 година, Kahlua се сметаше за бр. 1 кафе ликер и од тогаш ништо не се сменило. Во текот на 1990-тите, ликерот Kahlua беше спонзориран во бројни филмови и на тој начин се роди вистинска култна класика. Дизајнот на шишето не е променет и секогаш се користело препознатливото црно шише со жолто пакување и црвени букви.
Состав: aлкохолен дестилат од кафе.
Алкохол: 16%.
Зафатнина(во литри): 1Л.
Амбалажа: стакло без кутија.
Произведува: Калуа дестилерија.
Земја на потекло: Мексико.