Monteko Cabernet Sauvignon вино 0,75L
Од лозјата под вулканските височини на Кратово, нашето каберне совињон е спој од ароми на свежо црвено овошје, пикантни ноти и димени дабови нијанси. Свежо, елегантно и со долготраен вкус, ова вино е олицетворение на планинскиот дух.
Идеално се комбинира со бифтек, рамстек или печени ребра со рузмарин и карамелизирани моркови.
Препорачана температура на служење: 16 – 18 °C.



