Monteko Vranec вино 0,75L
Монтеко Вранец потекнува од сончевите Дисански лозја. Се одликува со богати ноти на суви црни овошја, сладунец и изразита киселост. Моќно и динамично вино со суптилни дабови тонови и долг, пикантен завршеток. Автентичен глас на македонскиот југ.
Одлично се комбинира со печено јагне, телешка коленица во кајмак или галичко овчо сирење со џем од боровинки.
Препорачана температура на служење: 16 – 18 °C.



