Ракија Gordion Amber 0,7L
Гордион Амбер е craft ракија, која се произведува со процес на двојна дестилација на младо вино, по прецизно дефинирана и нијансирана рецептура, во традиционален аламбик казан. За производство на ракијата се користат квалитетни и внимателно селектирани сорти грозје од прва класа, кои се одликуваат со здраво зрно, соодветен број шеќерни единици, правилно оформен грозд и без дополнителни примеси. Следејќи ги стандардите на врвните производители на ваков тип пијалаци, за производство на Гордион Амбер се користи исклучиво срцевината од дестилатот.
Ракијата се чува во буриња изработени од стогодишно француско дабово дрво што ѝ дава дополнителен луксузен шмек. Процесот на производство е целосно заокружен и строго контролиран од почеток до крај. Нашите врвни мајстори со голема љубов и посветеност ја создадоа оригиналната рецептура на Гордион Амбер. Затоа гарантираме дека секое шише Гордион Амбер е возбудлива приказна која нуди уникатно доживување.
Гордион Амбер е нешто поинакво, нешто ново, нешто оригинално, нешто возбудливо. Пијалак со врвен и префинет вкус, и кристално чиста килибарна боја. Името Гордион Амбер асоцира на неговото географско потекло (Гортинија е старото име на Гевгелија, добиено по кралот Гордион) и на богатата килибарна боја по која е ова ракија.
Состав: aлкохолен дестилат од вино.
Алкохол: 43%.
Зафатнина(во литри): 0,7Л.
Амбалажа: стакло без кутија.
Произведува: Гевгелиска дестилерија.
Земја на потекло: Македонија.