Tikves Luda Mara Sparkling вино 0,75L
Luda Mara Sparkling, првото пенливо вино во линијата Luda Mara. Станува збор за брут од Тиквешкото виногорје, произведен по методот Шармат (Мартиноти) од три локални сорти и шардоне.
Клучни карактеристики:
Luda Mara го носи името на реката што протекува низ Кавадарци, срцето на Тиквеш. Со
пенливото вино брендот влегува во нова категорија, а притоа останува верен на своите
локални корени.
- Шардоне – финеса, заокруженост, цитрусно овошје и рамнотежа.
- Темјаника – цветни и егзотични ноти, со препознатлив мускатен израз.
- Жилавка– динамична киселина, структура и живост.
- Смедеревка – свежина, нежност и чист цитрусен карактер.
Виното (алк. 11% vol., брут) – бледа сламеножолта боја со зеленкасти отсјаи и фино,
долготрајно перлење. Во мирисот се издвојуваат бели цветови, цитруси, зелено јаболко
и круша. Лесно во телото и добро избалансирано, со свежа цитрусна киселина и чиста,
овошна завршница.
Питко пенливо вино за секојдневни прилики – како аперитив, чаша на терасата на
кафуле или на бранч и неформални дружења.
Се служи на 6-8 °C.
Се комбинира со морски плодови, суши, лесни салати, благи сирења, лесни тестенини и овошни десерти.
Состав: мешавина од Шардоне, Темјаника, Жилавка и Смедеревка.
Алкохол: 11%
Литри: 0,75L
Амбалажа: стаклено шише
Произведува: Tikves winary
Земја на потекло: Македонија



