Вино Chateau Sopot Ubava Temjanika 0,75L
Направено од Темјаника од сопствено лозје на Шато Сопот во долината на Вардар. Со типична светложолта боја, аромата е комплексна, интензивна и карактеристична за Темјаниката, со цветни ароми испреплетени со овошни ноти, кои се повторуваат и на вкус. Завршетокот е многу долг, полн и свеж.
Се комбинира со: зелена салата со круша и сино сирење, чизкејк и лимон тарт.
Препорачана температура на служење: 7°C-9°C
Алкохол: 13,5%
Вид: полу-слатко бело вино.
Сорти од грозје: Темјаника.
Регион: Повардарие, Велешко.



