Вино Kamnik Chardonnay Barrel Fermented 2022 0,75L
Виното е произведено 100% од сортата шардоне од лозјата околу винаријата Камник. Уникатноста на ова шардоне доаѓа од ферментацијата во буриња од француски даб со продолжен контакт на виното со финиот талог, со таканаречениот метод „sur lie“, како и од 10-месечното стареење во овие буриња.
Виното се одликува со бледо златна боја и кристална бистрина. Мирисот е комплексен, прекрасен и елегантен, со дискретни ароми на тропско овошје. Вкусот е полн, хармоничен и кремаст, со текстура на путер и бисквит и со долг и постојан послевкус.
Состав: 100% Шардоне.
Алкохол: 15%
Регион: Скопје.