Вино Kamnik Cuvée De Prestige 2020 0,75L
Виното се карактеризира со интензивна рубин црвена боја. Неговата привлечна арома на темни бобинки е надополнета со зачинети нијанси и завршува со долг послевкус. Комплексноста на ова куве е резултат на 22-месечното стареење во нови и делумно користени буриња од француски и американски даб.
Вкусот е полн, со висока содржина на екстракт, меки кадифени танини кои му обезбедуваат на ова вино капацитет за стареење во шише од неколку години.
Состав: 43% Мерло, 38% Вранец, 19% Кабарне Франк.
Алкохол: 15%
Регион: Скопје.



