Вино Kamnik Fume Blanc 2022 0,75L
Виното е добиено 100% од сортата Совињон Блан, има специфична зелено-жолта боја и кристално бистро. Мирисот, кој е прекрасен и елегантен, открива растителни ароми надополнети со тонови на тропско овошје.
Уникатноста на ова вино произлегува од 6-месечното созревање во нови буриња од француски даб со изразена минералност, како и од примената на методот „sur lie“, кој создава комплексен букет. Вкусот е полн, сортен, со типична свежина и со долг и хармоничен послевкус.
Состав: 100% Совињон Блан.
Алкохол: 13,5%
Регион: Скопје.