Вино Kamnik Golden Temjanika 2022 0,75L
Златна Темјаника е премиум полусуво бело вино направено од одбрано грозје Темјаника. Карактеристиките и привлечноста на ова вино се нагласени со нежните снегулки од вистинско 23-каратно злато додадени во самото вино. Златна Темјаника, освен со својот ултрамодерен, нежно блескав изглед, се карактеризира со комплексни овошни ароми на суви кајсии и кора од портокал, надополнети со зачинети ноти.
Вкусот е полн, добро избалансиран, со хармонична свежина и со овошен и зачинет послевкус. Златните снегулки во ова вино се јадливи и безбедни за консумирање и гастрономска употреба; тие не влијаат на вкусот и мирисот на виното.
Состав: 100% Темјаника.
Алкохол: 12,5%
Регион: Скопје.