Вино Kamnik Terroir Vranec Grand Reserva 2018 0,75L
Густината на виното е типична за оваа сорта; има одлична живост и убав вискозитет. Виното се карактеризира со темно рубин црвена боја. 24-месечниот процес на стареење во нови буриња од француски и американски даб обезбедува добивање на исклучително полн и интензивен вкус на џем од црвени бобинки со долг и перзистентен чоколаден послевкус.
Хармоничните киселини, меките кадифени танини и комплексниот букет со деликатна структура му даваат на ова вино потенцијал за долго стареење. Доколку старее подолго време, под соодветни амбиентални услови, ова вино ќе покаже уште поголема комплексност и раскош.
Состав: 100% Вранец.
Алкохол: 16%
Регион: Скопје.