Вино Tikves Aleksandria Cuvee бело 0,187L
Квалитетно суво бело вино, купажа (cuvée) од сортите шардоне и ризлинг, со нежна златна боја и зеленкаста рефлексија. Се одликува со свежи и интензивни ароми на банана, круша и праска, како и ноти на расцутени овошни цветови од јаболко, портокал и лимон, со добро избалансирана киселост и долготраен вкус.
Се послужува на температура од 10 до 12°C.
Комбинација со храна: морски гргеч, школки, бело месо на жар, свежи медитерански салати и лесни тестенини во млечен сос.