Вино Tikves “Chateau de Gourdon“ Terrasse au Soleil 0,75L
Белото вино Terrasse au Soleil е 100% Grenache Blanc во најчиста форма, кое ферментира и шест месеци одлежува во специјални дабови буриња. Со својата интензивна боја на лимон и дефинирани цветни мирисни ноти и ароми на медени дињи, кора од лимон, лешник и даб, со право го оправдува своето име – „Сончева тераса“. Уште при првата голтка од ова вино, се чувствува богатство на минерали и вкусови од сочни круши и печени бадеми.
Се послужува на температура од 11 до 13°C.
Комбинација со храна: разни видови риба, морски плодови, мисиркино месо, традиционални италијански тестенини и рижото.
Најновото дополнување на семејството „Tikveš Châteaux & Domaines“ е „Château de Gourdon“, винарија лоцирана во областа Côtes du Rhône во Франција. Првите лозја во оваа микролокација биле засадени во 1870 година и нудат уникатна слика за француското производство на вино.