Вино Tikves T’ga Za Jug црвено 0,75L
„Т’га за југ“ го доби името по легендарната македонска поема „Т’га за југ“ чиишто стихови автентично ги пренесува во секоја своја капка. Денес „Т’га за југ“ е најпознат вински бренд на винарија Тиквеш, а вкусот и телото на ова вино доаѓаат од најмоќната црна винска сорта вранец.
Мирисот на ова полусуво црвено вино открива ароми на црвени овошја, а на непцето може да почувствувате вкус на црна рибизла, малини, капини и суво грозје. Ова вино има полно тело, како и пријатен и сладок вкус што трае.
Се послужува на температура од 16 до 18°C.
Комбинација со храна: скара, дивеч, полумасни сирења.