Виски The Famous Grouse 0,7L + кутија & 2 чаши
The Famous Grouse е блендед скоч виски кое потекнува од Першир –Шкотска, земјата на кочот, домот на тетребот и родното место на овој најпродаван бленд повеќе од 40 години. Овој бленд за прв пат е направен од страна на Метју Глог во 1896 година во продавницата за естоки пијалaци и вино “Mattew Gloag & Son”. За разлика од многу други производители во тој период кои го ставале своето презиме како име на брендот, Метју се одлучува да го нарече “The Grouse” по националната птица и гордост на Шкотска – тетребот. Во овој бленд се користат едни од најквалитетните сингал малтови како The Macallan и Highland Park кои исто така се под капата на The Edrigton.
Состав: алкохолен дестилат од житарици.
Алкохол: 40%.
Зафатнина(во литри): 0,7Л.
Амбалажа: стакло спакувано во кутија со 2 чаши.
Земја на потекло: Шкотска.