Диета со кафе

Со оваа диета, можете да изгубите за 7 дена до 7 килограми! Условот е да пиете 2-3 шолји кафе секој ден.

Кафето е најароматичниот и еден од најпопуларните пијалоци во светот. Покрај тоа, кафето е добро за здравјето и убавината.

Пијалоците од кафе го забрзуваат метаболизмот. Благодарение на нив, во телото се согоруваат најмалку 200 калории секој ден. Исто така богато е со антиоксиданси и органски киселини, а само една шолја кафе ја задоволува дневната потреба за витамин Б5.

Диета со кафе: Пример на мени за еден ден

Диетата со кафе е многу лесна и пријатна, а при самото држење потребно е да се внесат 2 литри вода дневно. Кафето во оброците ќе го консумирате прво, а потоа ќе го изедете планираниот оброк.

Појадок: 1 шолја кафе и 1 парче печен леб.

Ручек: 1 шолја кафе и голема салата од различни видови зеленчук, 1 парче пилешко месо и варено јајце.

Вечера: 1 шолја кафе, печено месо или риба, салата од зеленчук по желба или овошна салата.

Задолжително е кафето кое го консумирате да е свежо мелено, а не инстант. Тоа значи дека ќе ви биде потребно да си купите кафе во зрно и да го сомелете непосредно пред употребата. Лицата кои имаат проблем со несоница, не треба да го консумираат кафето во вечерниот оброк.

Во кафето не смеете дополнително да додавате шеќер, млеко или кремови за подобрување на вкусот.

Експертите истакнуваат – колку и да сакате кафе, не претерувајте, нормална количина кафе е 2-3 шолји на ден!

Кошница