Лесно и освежувачко Мохито!
Се што ви е потребно:
- Рум Bacardi Carta Blanca 50ml
- Сок од лимета 25ml
- 12 ливчиња нане минт
- Бел шеќер 10gr (2 лажици)
- Сода по ваш избор ( газирана вода, тоник, швепс..) 25ml
- Мраз
Исцедете сок од лимета во висока чаша, додадете шеќер и нане, и притискајте со толчник. Потоа додадете го ситно скршениот мраз, до половина на чашата, и рум, промешајте. Ставете сода по ваш избор, и додадете го преостанатиот мраз. Одозгора декорирајте со останатите резанки лимета и минт лифчињата.
Мохитото е спремно, уживајте!
Превземено од бакарди.ком

