Вино Bovin Dissan Barrique 0,75L
Темно-црвено по боја, со мирис типичен и препознатлив за сортата Вранец: цреши, кисела цреша, бобинки. Има полн вкус со елегантна, долготрајна острина. Импресивна содржина на полифеноли, антиоксиданти, природни кардиоваскуларни регулатори. Комплексно, со висока содржина на сув екстракт. Соодветно складирано може да се чува во тек на долг временски период.
Посебно се препорачува со позачинети јадења, печено свинско, помасни риби, дивеч, јагнешко и пикантни сирења, на собна температура 15-17°C.
Нето: 0,75л.
Вид: барик суво црвено вино
Вински регион: Вински регион Тиквеш
Препорачана температура: 12ºC – 14ºC
Сорти од грозје: 100% Вранец