Вино Bovin Era 0,75L
Ера е уникатно вино од сортата Вранец добиено од доцна селективна берба на дехдрирани гроздови. Вино со интензивна рубин боја и силен мирис на шумски плодови. Со полно тело, комплексно и импресивно, ја преплавува палетата на вкусови со зрели овошја како што се боровинка, слива и аронија, кафе, темно чоколадо, продолжувајќи го вашето задоволство со долг послевкус.
Особено е погодно за спарување со силна храна, печено свинско, мрсна риба, дивеч, јагнешко и зачинето сирење.
Препорачана температура на служење: 15ºC – 17ºC
Нето: 0,75л.
Вид: уникатно суво црвено вино
Гроздобер: 2012
Вински регион: Вински регион Тиквеш
препорачана температура: 15ºC – 17ºC
Сорти на грозје: 100% вранец