Dusha Temjanika бело вино 0,75L
„Темјаника“ е премиум бело вино со жолта лимон боја, интензивни ароми на бозел и лимонова кора и сув стил со освежителна киселост и вкус на зрели цитрусни плодови.
Грозјето потекнува од 40‑годишни лозови насади во областа Ресава, Тиквеш, што му дава комплексност и средно долг финиш; препорачана температура за сервирање е 10–12°C, со бели сирења, риба на скара, пилешко и свежи салати.
За винаријата „ДУША“
„ДУША“ е винарија што не нуди само пијалок, туку целосно искуство. Секое вино е создадено со љубов и внимание, со фокус на внимателен избор на грозја и професионална енолошка нега. Винаријата активно се претставува на настани и фестивали каде што посетителите ги дегустираат белите „Ведрина“ и „Темјаника“, розето “Зора” и црвеното “Разговор со душата”, што ја истакнува нејзината улога во новата македонска винска сцена.
„ДУША“ e млад, урбан и емоционален вински бренд кој го носи вкусот на македонската лозова и винска традиција на современата трпеза.



