Dusha Vedrina бело вино 0,75L
„Ведрина“ е суво бело вино, купажа од Шардоне, Темјаника и Смедеревка, со светло жолта боја и ароми на зелено јаболко, лимонова кора, бела праска и фини медени нијанси.
Има свежа киселост и лесно тело, идеално за сезонски салати, млади сирења, морска храна, тестенини со кремаст сос и пилешко, при сервирање на 7–10°C.
За винаријата „ДУША“
„ДУША“ е винарија што не нуди само пијалок, туку целосно искуство. Секое вино е создадено со љубов и внимание, со фокус на внимателен избор на грозја и професионална енолошка нега. Винаријата активно се претставува на настани и фестивали каде што посетителите ги дегустираат белите „Ведрина“ и „Темјаника“, розето “Зора” и црвеното “Разговор со душата”, што ја истакнува нејзината улога во новата македонска винска сцена.
„ДУША“ e млад, урбан и емоционален вински бренд кој го носи вкусот на македонската лозова и винска традиција на современата трпеза.



