Тhe Irishman Single Malt 12 0,7L + кутија
Ова извонредно крафт ирско виски е резултат на 12 годишно зреење. Тhe Irishman 12 Years Old e тројно дестилиран 100% single malt, направен целосно од ирски јачмен и одлежан во ексклузивни бурбонски буриња. Низ процесот на зреење добива извонредно деликатна арома со сладникави ноти на ванила, цимет и каранфилче, вешто балансирани со нежен допир на овошје. Поради неговиот квалитет и дистинкција, добитник e на голем број златни медали од Ирска до Америка и пошироко.
Состав: aлкохолен дестилат од житарици.
Алкохол: 40%.
Зафатнина(во литри): 0,7Л.
Амбалажа: стакло спакувано во кутија.
Произведува: Волш дестилерија.
Земја на потекло: Ирска.