Вино Venec Chardonnay Oak Plus 0,75L
Суво бело вино добиено од сортата Шардоне од сопствени насади на винаријата кои се наоѓаат во месноста викана Муратов дол. Се одликува со изразена кристално златна боја. Мирисот е комплексен со ароми на жолто цвеќе и тропско овошје. Елегантно вино со полно тело кое се отвара во слоеви на вкус и нуди тропско овошје, како и крем де бруле и ванила пудинг што се должи на зреењето во нови француски буриња. Вино кое има пријатна свежина, киселина и долг перзистентен зачински послевкус.
Нето: 0,75л.
Вид: суво бело вино
Грозје сорти: 100% шардоне.