Вино Venec Cuvee 56 Reserva 0,75L
Суво црвено вино добиено со блендирање на сортите грозје Вранец (55%), Каберне Совињон (25%) и Мерло (20%) од сопствени насади на винаријата. Се одликува со длабока темно црвена боја. Моќно, но пред се елегантно вино кое изобилува со ароми на зрели капини, модри сливи и цреши и дополнителни ноти на темно чоколадо, листови тутун и сладок корен кој му даваат дополнителна комплексност.
Вино со полно тело, кадифени танини, хармонична киселина и долг послевкус на листови темно чоколадо и свежо мелено какао што се должи на 24 месечното одлежување во нови и делумно користени француски буриња. Со дополнително зреење во шише, ова CUVEE 56, ќе добие на комплексност и ќе продолжи да го покажува својот раскош во годините кои доаѓаат.
Нето: 0,75л.
Вид: суво црвено вино
Сорти од грозје: вранец (55%), каберне совињон (25%) и мерло (20%).