Вино Bovin Ana Marija Rosé 0,75L
Ана Марија од Бовин е суво розе вино произведено од сорите Санџовезе и Каберне Сувињон кое подложи на кратка ладна мацерација од каде ја добиваме деликатната интензивна розе боја. Мирисот е полн со рози, дива јагода, цреша и калинка. Иако има само малку остаток на шеќер, свежото овошје помага да се балансира слаткоста. Атрактивниот микс на мириси, свежината до средната слаткост го прави ова вино идеален летен пијалок.
Најдобро е кога се комбинира со бело сирење, салати и ладни јадења, риба и школки, или пак како придружник на овошна торта.
Се препорачува да се служи на 8-10°C.
Нето: 0,75л.
Вид: суво розово вино
Вински регион: Вински регион Тиквеш
Препорачана температура: 8ºC – 10ºC
Сорти од грозје: 50% каберне совињон, 50% санџовезе