Вино Tikves Domain Lepovo Grand Cuvee 0,75L
Суво црвено вино, зреено во француски барик буриња 18 месеци. Совршено балансирана купажа од вранец, каберне совињон и мерло. Се одликува со темна рубин боја и богат вкус на суви сливи и зрели црни цреши, комбинирани со благи зачини и суптилни нијанси на кафе и тутун. Благата арома што се чувствува на мирис се рефлектира и во вкусот каде доминираат зрела цреша и црвена рибизла. Има исклучително полно тело и долг финиш, како и голем потенцијал за стареење.
Се послужува на температура од 16 до 18°C.
Комбинација со храна: јадења со печено јагнешко месо.