Вино Zvonko Bogdan Chardonnay 0,75L
100% Шардоне, со богата арома со нагласен вкус на зрело манго и освежителна летна диња. Послевкусот е бескрајно долг и потсетува на егзотична овошна салата, зрели жолти нектарини и тарт од лимон. Виното го добило името по сортата на грозје Шардоне и е идеално со мисиркино и свинско месо, јастог и карбонара тестенини. Се служи во широка чаша за шардоне, на температура од 10 до 12 степени.
Сорти грозје: Шардоне 100%.
Вид: суво бело вино.
Алкохол: 14%.
Земја на потекло: Србија.