Се поголем број луѓе одлучуваат да купат мала машина за еспресо кафе за дома или во канцеларија, поради едноставноста на подготовката, а и задоволството од совршено подготвеното кафе. Оние што го следат пазарот за кафе знаат дека постојат машини за еспресо кафе на хартиени патрони и на капсули. За да одбереме кафемат коишто одговара на нашите потреби, најнапред да ги објасниме разликите помеѓу капсулите за кафе и хартиените патрони.
Материјал за изработка
Првата и очигледна разлика помеѓу капсулите за кафе и хартиени патрони е разликата во формата и материјалот. Капсулите за кафе се направени од пластично и алуминиумско куќиште и се многу крути и тврди. Тие доаѓаат во различни форми во зависност од кафематот.
Кога станува збор за хатриени патрони за кафе (филтер кесички) – тие се направени од два слоја филтер-хартија (целулоза), и пакувани се во трислојна алуминиумска опаковка. На овој начин, органолептичките својства на кафето се заштитени од штетни надворешни влијанија. На изглед тие се сплоснати и меки на допир, подготвени за брза подготовка на еспресо кафе.
Компатибилност
Капсулите за кафе може да бидат со различна големина, поради што е важно да проверите дали се компатибилни со кафематот што го имате, односно дали имаат соодветна форма и димензии. Постојат околу 15 различни димензии (системи) на капсули за кафе. Обично доаѓаат во пакувања со количина на кафе помеѓу 5 и 7 грама.
Од друга страна, хартиените патрони за кафе, се произведуваат исклучиво во еднакви дози од околу 7 грама. Хартиени патрони (кесичките за филтри) E.S.E (7-7,5 грама) може да се користат на машина за кафе што го поддржува системот E.S.E (Easy Serving Espresso), и најзастапени се во три различни димензии: 38, 44 и 55 милиметри, но стандардната и најраспространета димензија е од 44 милиметри.
Цена
Разликата што не останува незабележана е ценовниот јаз, помеѓу капсулите и хартиените патрони за кафе. Всушност, еспресото во хартиените патрони има пониска цена од еспресо кафе во капсули. Причината за ова е грамажата на кафето и употреба на поедноставни материјали во производството. Во мали количини оваа разлика изгледа незначителна, но за големи количини цената значително доаѓа до израз.
Влијание врз животната средина
Материјалите од кои се направени овие два формати за пакување кафе навистина создаваат голем јаз кога станува збор за рециклирање. Хартиените патрони за кафе, составени од порозна хартија, можат природно да се распаднат, исто како и филтер-вреќички со чај. Спротивно на тоа, капсулите – пластика или алуминиум се всушност двокомпонентни (кафе + друг материјал) и не можат да се рециклираат. Овој фактор е често пресуден при изборот на формата на пакување кафе, па многу љубители на еспресо се одлучуваат за хартиени патрони за кафе бидејќи сакаат да учествуваат во заштитата на животната средина.
Извор: bizzcoffee.hr