Печењето зрна кафе е важна и специфична фаза во производството на кафе, бидејќи зависи од вкусот на финалниот производ.
Преку степенот на печење може дополнително да се развива и збогатува вкусот на дадена сорта или да се насочи во саканиот правец.
Постојат неколку главни степени на печење на кафе и тие се:
– Светло (City Roast) – киселоста останува висока и зрното го задржува природниот вкус колку што е можно повеќе. Кафето содржи високо ниво на кофеин.
– Средно (Full City Roast) – погоден за професионални дегустации, бидејќи најдобро го открива вкусот на индивидуалната сорта и потекло.
– Средно темно (Vienna Roast) – вака печеното кафе се карактеризира со погусто тело и добро развиени ароми.
– Темно (French Roast) – се пече до многу темно кафено. Така, шеќерите се карамелизираат и на површината на зрното се појавуваат траги од масло. Кафето добива горчлив, зачаден или дури и изгорен вкус, а нивото на кофеин е значително намалено.
Покрај овие опишани степени, постојат многу други можни варијации и рецепти. Оваа област е вистинска можност за секој пекар да создаде свој белег на вкус.
Извор: бианчи.бг