Потребни се само неколку минути за да се подготви овој освежителен коктел за целото друштво!
Се што ви треба за овој брз коктел се: јагоди, лимон, вотка, шеќер, гарнир и сламки.
Првиот чекор е да ги изблендирате јагодите во кои се додава исцеден сок од лимон и малку шеќер за да се омекне лимонската киселина.
Потоа проценете сами колку сакате да ја загреете атмосферата и да додадете вотка и коцки мраз.
После тоа, послужете во високи или коктел чаши, додадете сламки, неколку листови нане и украсете со чадорчиња и парчиња на било какво овошје.
Извор елегант.хр