Ликер Royal Conti Amaretto 0,7L
Амарето е сладок ликер со вкус на бадеми направен на база на кајсии и бадеми. Името амарето доаѓа од италијанскиот збор за горчлив, “амаро”; карактеристика што горчливите бадеми кои се користат во неговото производство може да ја пренесат на ликерот. Засладувачите и слатките бадеми ја балансираат горчината и резултатот е сладок, овошен и многу вкусен ликер, без разлика дали се пие чист или во коктел.
Состав: aлкохолен дестилат од бадем и овошје.
Алкохол: 28%.
Енергетска вредност: 100 ml = 1327 kj / 316 kcal.
Зафатнина(во литри): 0,7Л.
Амбалажа: стакло без кутија.
Земја на потекло: Шпанија.