Вино Bovin Euphoria Cuvee 0,75L
Ново вино од Винарија Бовин – Еуфорија куве. Бело полусуво вино, направено од мешавина на Пино Гриџо и Темјаника со овошен и свеж вкус. Има ноти на цитрусно и егзотично овошје, зелено јабоко и праска. Одлично оди во комбинација со азиска кујна, морска храна, паста, тврдо сирење и овошна торта. Ограничено производство на само 5000 литри.
Нето: 0,75л.
Вид: полусуво бело вино
Сорти од грозје: Темјаника и Пино Гриџо.