Вино Popova Kula Stanushina Rose 0,75L
Станушина Розе е прекрасно суво розе вино со нежна светло розова боја. Аромите се интензивни и богати. Во нив среќаваме нијанси на дива јагода, пролетни цветови и арома на сок од дренка. Се издвојуваат и аромите на свежи црвени овошки, пред се на јагода и малина. Вкусот е елегантен и долготраен, а завршетокот е свеж и пријатен.
Поради богатиот овошен карактер може да се консумира како аперитив во топлите летни денови, а исто така и како десертно вино со овошни салати и сладолед на температура од 10-12˚C