Вино Popova Kula Kalesh 0,75L
Калеш е вино со жива темно црвена боја со виолетови нијанси и изразена длабочина. Мирисните ароми се комбинација на црна слива, вишна, зачини и минерали. Ова е добро избалансирано вино со неповторлива мешавина на вкусови, одлична свежина и долг завршеток на зрело овошје.
Препорачуваме да се служи на температура од 18-20°C со јадења од црвено месо, како и со традиционални македонски јадења.