Вино Tikves Aleksandria розе 0,75L
Купажа од сортите мускат хамбург, мерло и каберне совињон. Полусуво розе вино со светло розова боја и изразени тропски ароми при што преовладува аромата на манго со ноти на бело овошје и ѓумбир. Вино со лесно тело и свежа киселост и балансирани ароми на праска, кајсија и диња.
Се послужува на температура од 10 до 12°C.
Комбинација со храна: свежи салати, лесни тестенини и овошни десерти.